HomeХроникаПриведени двајца малолетници во Тетово – Полицијата со детали

Приведени двајца малолетници во Тетово – Полицијата со детали

- Advertisement -spot_img

Двајца малолетници се лишени од слобода во Тетово откако биле затекнати како управуваат мотоцикли без возачка дозвола.

Настанот се случил на 23 април 2026 година околу 18:45 часот на улицата „Маршал Тито“, каде полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово ги привеле 17-годишник од село Горно Палчиште и 16-годишник од Тетово.

Според информациите, двајцата малолетници управувале мотоцикли со тетовски регистарски ознаки без да имаат положено возачки испит, со што постои сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Мотоциклите се одземени, а за случајот е известен јавен обвинител. По негово целосно документирање, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img