Во акциска контрола на полицијата спроведена во два угостителски објекти во Тетово и селото Желино, синоќа се приведени 30 странски државјанки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, информираат од МВР.
Причината за приведувањето е злоупотреба на туристичкиот престој, односно престој спротивно на наведената цел.
Контролата ја спровеле полициски службеници од СВР Тетово во координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во периодот од 23:30 до 02:30 часот.
Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.









