Зовре вербалната пресметка помеѓу приватните превозници и ЈСП превозниците тврдат дека ЈСП има заостанат долг од 170 милиони денари кон нив од кои 90 милиони веќе се доспеани, директорот на ЈСП им возврати долгот е значително помал и тој постепено се намалува но чуда не може да направиме.
Приватните превозници порачаа дека ќе почекаат до понеделник за подмирување на долгот, а потоа доколку не си ги добијат средствата или целосно ќе ги паркираат автобусите или ќе возат редуцирано.
Јовица Зафировски, приватен превозник
– Ја знаеме состојбата во која се наоѓа ЈСП години наназад, долговите кон приватните превозници се плаќаат согласно нашите можности, вели директорот на ЈСП Драги Кушоски.
Кушоски и приватните превозници не можеа да се согласат и околу тоа кога се испратени фактурите за исплата, колку средства веќе се легнати на сметките и колку всушност изнесува долгот, но ниту една од двете страни не донесоа официјална документација со која ќе ги потврдат своите тврдења. Дали ќе има редуциран возен ред и гужви на автобуските постојки од понеделник, останува нејасно но граѓаните кои користат јавен превоз треба да бидат подготвени и за ваква можност.









