домаМакедонијаПритвор за жената од Кратово која им наплаќаше влез на посетителите на...

Притвор за жената од Кратово која им наплаќаше влез на посетителите на Куклица

- Advertisement -spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација.

Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир.

При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 2 и 1 од Кривичниот законик, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.

Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Куклица“, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението.

Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори.

Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img