HomeМакедонијаПристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

- Advertisement -spot_img

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати почна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.

Како што информира денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Процесот е целосно координиран од МНРиНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.

Според премиерот Христијан Мицкоски, организирани се чартер летови од Саудиска Арабија кои ќе ги прифатат македонските граѓани во Катар и Кувајт. Се очекува тие да пристигнат во среда.

-Деновиве се организирани вкупно четири чартер летови, со неколку десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија да пренесеме и нивни граѓани, да ги донесеме во Македонија, изјави денеска Мицкоски.

Последните податоци покажуваат дека Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img