Ја пријавил за исчезната па ѝ го нашол телото – сопругот и тројца негови пријатели осомничени за убиство на 48-годишна скопјанка. Жената од селото Таор, Општина Зелениково, е пронајдена мртва, а како што соопштија од Обвинителството, приведен е нејзиниот поранешен сопруг како осомничен за убиство.
Жената била пријавена за исчезната на 26 јуни, по што биле преземени дејствија за нејзино пронаоѓање.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор во фаза на распаѓање… Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што е потврдено дека смртта е насилна“, велат од Обвинителството.








