Во Скопје денес беше промовирана новата Стратегија на Светската здравствена организација (СЗО) со Македонија за периодот 2026–2030 година, документ кој поставува насоки за јакнење на здравствениот систем, зајакнување на климатската отпорност и забрзување на одржливиот развој на земјата.

Фокусот на стратегијата е интегриран пристап кон здравјето, енергетиката, животната средина и економијата.
„Синергија меѓу здравјето, енергетиката, животната средина и економијата – благосостојбата се гради преку заеднички политики,“ беше истакнато на претставувањето.

Особен акцент е ставен и на енергетската транзиција, која според документот мора да биде праведна и инклузивна. „Транзицијата кон чиста енергија мора да биде праведна – никој не смее да биде изоставен,“ беше порачано.
Министерството за здравство најави дека веќе се спроведуваат активности за забрзана декарбонизација, инвестиции во обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност.

Целта на стратегијата е јасна – економски раст и здравје на граѓаните рака под рака, преку политики што ќе ја обезбедат благосостојбата на сегашните и идните генерации.









