Предмалку се случила сообраќајна несреќа на влез од село Зајас – кичевско, односно во непосредна близина на месноста викана “Зајас Теќе” на магистрален пат Кичево-Гостивар.
– Според неофицијални извори до кои дојде Порта.мк, во сообраќајната несреќа учествувале пмв. Мерцедес и уште едно возило со кичевски регистарски ознаки, додека како повредени се водат четири релативно млади лица, примени во Медицински центар – Кичево на укажување лекарска помош.
За нивното здравје подетални информации немаме.
– На местото на настанот веднаш интервенирале медицински лица при кичевската болница, додека во моментов ОВР Кичево врши увид.
Официјални информации повеќе очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.








