домаМакедонијаПредлог-националната стратегија за безбедност во сообраќајот влезе во Собрание и ги помина...

Предлог-националната стратегија за безбедност во сообраќајот влезе во Собрание и ги помина комисиските филтри

- Advertisement -spot_img

Предлог-националната стратегија за безбедност во сообраќајот го помина комисискиот филтер и оди на пленарка. Сега законодавниот дом треба да се изјасни за документот чија цел е помалку несреќи и жртви и побезбедни патишта за сите учесници во сообраќајот.

Од МВР, како предлагач, велат бројот на загинати бележи намалување, но Македонија сѐ уште е далеку над европскиот просек. Речиси двојно е повисока стапката на смртност во сообраќајот споредено со земјите од ЕУ, вели министерот Тошковски.

„Ако таму имаме некој просек од 44 жртви на милион жители, Македонија е земја којашто во просек има некаде околу 77, 78, па и повеќе, 82, 83 жртви на милион жители – што е катастрофална бројка споредено со европските земји. Но, добро е што и тоа како тргнавме во подобрување на сите овие параметри, така што крајните цели коишто се дадени како главни за имплементација до 2030 година и се наведени во рамки на стратегијата, навистина се реални“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Дел од експертите за сообраќај досега веќе предупредија дека резултатите нема да дојдат преку ноќ. Според нив, клучни се едукацијата, подобрувањето на инфраструктурата, но и обновувањето на стариот возен парк, што нема да биде лесно со оглед на куповната моќ на населението и високите давачки при купување половни возила од странство.

Инаку, Предлог-стратегијата предвидува и воспоставување национален систем за интелигентен мониторинг и управување со сообраќајот, редовни безбедносни ревизии на патиштата, унапредување на техничката исправност на возилата и континуирана едукација на сите учесници во сообраќајот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img