Трпезата утревечер ќе биде посна но цените и оваа година се “мрсни” велат граѓаните кои на големо се подготвуваат за Бадник и Божиќ. Иако со скромен буџет на трпезата според традицијата ќе има од се по нешто.
Риба,гравче,сарма,ќе се меси лепчето. На Бадниковата трпеза ќе има и маслинки ,урми сливи,ореви и костени.Сезонско овошје. Од сето ова ако се купи по малку како што велат граѓаните,минималната цена на една скромна семејна трпеза за Бадник изнесува околу 2000ден. И тоа цената на кг риба ослич се движи од 150до 200ден, кг грав чини од 130 до 300 ден, оревите 350 ден за кг, а костенот се продава од 200 па до 350 ден за кг. Мандарините од 80 до 100, а јаболките се продаваат по 60 ден за кг. Граѓаните велат цените се високи но секој купува согласно длабочината на џебот.
Денеска освен посна граѓаните купуваа и мрсна храна за Божиќ која е поскапа. Цената за килограм свинско месо се движи околу 400ден, додека цената на телешкото достигнува и над 800 ден за килограм.
Дел од граѓаните велат дека и маркетите претпразнично пак ги “набилдале “цените.
Иако во моментов Законот за спречување нефер трговски практики предвидува максималната казна за непочитување на одредбите да биде до 20.000 евра за голем маркет, премиерот најави дека остро ќе бидат казнети сите кои работат спротивно на интересите на граѓаните и непазарно ги пумпаат цените на рафтовите. Тој до март најави дека ќе се смени висината на казните и тие ќе бидат 10 пати повисоки или до 200.000 евра.
Со овие цени колку точно просечниот Македонец ќе треба да издвои за празничната кошница без да се задолжи секој ќе ја дознае на крајот на месецов кој важи за најтешкиот и најдолгиот месец во годината.









