домаМакедонијаПратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

- Advertisement -spot_img

Во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игри на среќа пред Комисијата за финансирање и буџет.

Седницата е закажана за 10:30 часот, а се очекува на неа да учествуваат претставници од засегнатите страни кои ќе ги изнесат своите ставови и забелешки за предложените законски измени.

Јавната расправа доаѓа по политички реакции околу закажувањето на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно ја повикаа претседателката на Комисијата од редовите на СДСМ да ја закаже расправата, обвинувајќи ја за опструкции, додека од СДСМ беа посочени различни ставови околу процесот.

Асоцијациите на приредувачи на игри на среќа исто така побараа јавна расправа, предупредувајќи дека предложените законски решенија би можеле да имаат сериозни последици врз индустријата и вработените.

Со новиот закон се предвидуваат построги правила, вклучително и ограничувања за локацијата на објектите, забрани за рекламирање и засилена контрола, а властите образложуваат дека целта е намалување на сивата економија и поголема заштита на граѓаните, особено младите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img