Home » Пратенички прашања во законодавниот дом

Пратенички прашања во законодавниот дом

by Журнал.мк

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања.

Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

На последната седница за пратенички прашања одржана во мај, пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Фатмир Битиќи и пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, го повикаа претседателот на Собранието Африм Гаши да реагира на отсуството на некои министри од седницата, нагласувајќи дека тоа се повторува неколку седници по ред на кои треба да се поставуваат прашања до членови на извршната власт.

Гаши ја поддржа ваквата реакција и упати порака до членовите на Владата да забележат во календарот дека секој последен четврток во месецот треба да дојдат во Собрание за да одговараат на прашања од пратениците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk