HomeМакедонијаПратеничка не дозволи да почне јавната расправа за семејно насилство

Пратеничка не дозволи да почне јавната расправа за семејно насилство

- Advertisement -spot_img

Седницата на Комисијата за еднакви можности на која треба да има јавна расправа за Национална стратегија за родово насилство не може да почне бидејќи пратеничка од Европскиот фронт бараше материјалите да и биле доставени на албански јазик.

„Ми правите психичко насилство со тоа што материјалите не ми се доставени на албански“, кажа претничката и инсистираше на пауза.

Пратеничката која заседава со седницата видно се вознемири бидејќи е убедена дека можела да си ги преземе од интернет страницата на Собранието каде што ги имало и на албански јазик.

„ Оваа седница е да застанеме зад жртвите на семејно насилство, а не да добивате политички поени. Не манипулирајте, денеска не е место, луѓево тука се дојдени да промениме нешто“, вознемирено и се обрати замничката и и укажа дека нема повеќе можност за процедурално.

По ова се слушна аплауз во салата инспровоциран од говорот на заменичката претседател на Комисијата.

Но, пратеничката беше упорна па не се тргаше од говорницата од каде инсистираше на пауза и материјали во печатена форма. Гостите реагираа дека веќе го планирале денот да дојдат на јавната расправа и ова што го прави пратеничката од албанската опозиција не е во ред.

По ова заменичката даде пауза, на што пратеничката и возврати, ама на македонски јазик -„Нормално дека ќе дадеш“, по што настана поголем револт кај присутните.

„ А сега знаеш македоснки“, се слушна глас на некој од присутните. Заменик претседателката на крај даде 10 минути пауза да се смират страстите. (П.А.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img