Пожарот во кавадаречко е значително намален, но и натаму е активен, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што соопшти Ангелов, пожарникарите и другите служби работеа во текот на целата ноќ, а од 6 часот утринава интервенцијата продолжува со засилени сили на два правци – од селото Дреново кон Ќесендре и во реонот на селото Раец.
На терен се ангажирани екипи од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Министерството за внатрешни работи, ЈП Национални шуми – подружница „Бор“ Кавадарци, Територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, со цистерни, противпожарни возила, теренски возила, механизација и десетици пожарникари и вработени.
Надлежните продолжуваат со активностите за целосно локализирање и гаснење на пожарот.






