домаМакедонијаПожарите што го гушеа Скопје се изгаснати или се под контрола, активни...

Пожарите што го гушеа Скопје се изгаснати или се под контрола, активни се уште 3 пожари кај Македонски Брод и во Струшко

- Advertisement -spot_img

Сите поголеми пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под контрола, покажуваат утринските податоци на Центарот за управување со кризи заклучно со 7:30 часот.

Во моментов активни се три пожари, од кои два се на територијата на Општина Македонски Брод и еден во Општина Струга.

Активен е пожарот на потегот меѓу селата Буринец, Локов и Селце во Струшко, каде гори нискостеблеста шума. Во Македонски Брод сè уште се интервенира кај селото Белица, на потегот кон Брезница кај репетиторот, како и кај селото Бенче, каде е регистриран шумски пожар.

Под контрола се пет пожари, меѓу кои и пожарите кај селата Копаница во Општина Сарај и Брест во Општина Чучер-Сандево, кои изминатите денови предизвикуваа загриженост во скопскиот регион.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта изгаснати се вкупно 28 пожари низ државата, меѓу кои и пожарите кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, како и два пожари во Шуто Оризари.
Изгаснати се и повеќе пожари во Кичевско, Кумановско, Липковско, Тетовско, Гостиварско, Струмичко и во други делови од државата.

Надлежните служби остануваат на терен и апелираат до граѓаните на максимална внимателност, бидејќи високите температури и сувата вегетација и натаму создаваат ризик од појава на нови пожари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img