8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионПожари во Европа и на Балканот

Пожари во Европа и на Балканот

- Advertisement -spot_img

Шумските пожари, предизвикани намерно или од грмотевици, а поттикнати од топлотниот бран и силните ветрови, продолжуваат да уништуваат делови од Јужна Европа, палејќи домови и принудувајќи илјадници жители и туристи на евакуација.

Од почетокот на годината, во Еврозоната, опожарени се речиси 440.000 хектари. Ништо подобро не е ниту на Балканот…За 24 часа, во Албанија регистрирани 64 пожари…Најкритично во округот Валона, каде и покрај сите напори, пожарите продолжуваат да се шират…Издадена е наредба за евакуација откако во регионот, веќе изгореа осум села…Од министерството за внатрешни работи пак велат дека за само 2 месеци – за 137 лица постои сомневање дека ги предизвикале пожарите…

Во меѓувреме, се подобрува ситуацијата со пожарите во Грција …активни остануваат на Пелопонез и на островот Хиос ..Три лица се уапсени под сомнение дека подметнале два од низата пожари во близина на градот Патра, во северозападниот дел на Пелопонез …

Василис Ватракојанис – портпарол на противпожарната служба на Грција

„Тешко ќе биде да се изгаси пожарот на Хиос бидејќи е на непристапен терен во северозападниот и североисточниот дел. ..Упатуваме силна препорака за избегнување на активности што би можеле да предизвикаат пожар. Силите на Противпожарната служба, како и сите сили на цивилната заштита, остануваат во состојба на целосна готовност. “

Ден на жалост во Црна Гора по смртта на припадник на армијата кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои ја зафатија земјата…Продолжува борбатаб со пожарите кои опустошија дел од земјата а Институтот за јавно здравје апелира на претпазливост бидејќи воздухот е загаден… Бесплатни заштитни маски можат да се добијат од државните аптеки.

Здравко Ивановиќ – жител на Црна Гора

„Ситуацијата беше апокалиптична. Се гореше . За среќа навреме дојде противпожарната служба и успеа да спаси голем дел од шумата. “

Пожари и во Хрватска…После вчерашниот тежок ден за пожарникарите во Истра, ситуацијата денеска е стабила и под контрола…

Извор: 24vesti.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img