Пожар во техничка соба на хотел-ресторан кај Делчево, нема повредени
Дел од хотел-ресторан на патот Делчево – Македонска Каменица се запалил на 1 јануари 2026 година, околу 09:48 часот, објави локалната ТВ Стар.
Според официјалните информации од МВР, пожарот изби во техничката соба на првиот кат на објектот. Пожарникарите интервенирале и целосно го изгаснале огнот, а повредени лица нема.







