домаМакедонијаПовреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште...

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

- Advertisement -spot_img

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека во третманот се вклучени хирурзи од повеќе оддели и се прави се за да се подобри состојбата на детето.

За малолетникот пак кој го изврши нападот, од обвинителството велат дека јавен обвинител од одделението за малолетници во Скопје постапува согласно Законот за правда за децата, без да споделат повеќе информации.

Од општината Гази Баба велат дека се во комуникација со училиштето, се прават надзори, а во најкраток рок најавуваат седница на која ќе бидат повикани да присуствуваат и министерката и сите директори од општинските училишта со цел да се донесат заклучоци со кои во иднина ќе се превенираат вакви случаи.

Ова е последен во низата случаи на врсничко насилство кои се случија изминатиов период.

Министерката за образование пак, денеска соопшти дека освен лиценцирање на училишните психолози, се размилува и за воведување казна за родителот чие дете е сторител на насилство во училиште – преку измени во законот за основно образование.

Весна Јаневска – Министерка за образование и наука: „„Пратениците ќе ги замолам да побараат во законот за основно измени да се вметне казна за родителот чие дете е сторител на насилство во училиштето. Во моментов се разговара тоа се додека реалноста покажува дека ќе правиме измена на законите на било кој член не само за мирна училишна средина туку и за развој на средината“.“

Случајот повторно го отвори прашањето – колку училиштата се безбедни и дали постојните механизми за заштита навистина функционираат и превенираат насилство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img