Нов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски. За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит, рече Наташа Поповиќ, членка на ИК на СДСМ на прес-конференција.
Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните!
Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории.
Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци – лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси.
Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР.
Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос.
Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори:
Кој се е вклучен во оваа криминална шема?
Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство?
Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола?
СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство.
Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата.
И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи.
Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Поповиќ.






