На 26.09.2026 во 17:30 часот во Гостивар, во присуство на родител, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од с.Видуше бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди“ без да се стекне со право за управување моторно возило. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






