Во полициска акција спроведена во Арачиново, приведен е 25 годишн жител на селото, откако при претрес во неговиот дом и помошнни простории биле пронајдени повеќе од два килограми марихуана и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во акцијата учествувале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Од МВР соопштија дека по завршувањето на истрагата и целосното документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






