Со силно полициско присуство и специјалци од утрово се спроведува координирана акција против нарко-подземјето во Скопје, Штип, Струмица, како и во Грчец, скопско. На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу 15 локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје. Според неофицијални информации, меѓу приведените се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.








