12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветПолициска акција против нарко-банди предизвика бран протести низ Бразил

Полициска акција против нарко-банди предизвика бран протести низ Бразил

- Advertisement -spot_img

Во повеќе бразилски градови избувнаа протести по полициската операција против нарко-банди, во која, според локалните медиуми, загинаа повеќе лица. Демонстрантите бараат одговорност од властите и итен прекин на, како што велат, „воените упади“ во сиромашните заедници.

На улиците излегоа десетици граѓани, носејќи транспаренти со пораки против полициското насилство и неказнивоста. „Многу е тажно да се видат луѓе што ги познаваме како лежат таму како животни, мртви. Овој масакр, кој го нарекуваат операција, не беше операција, туку беззаконие насочено против нашата заедница. Децата растат гледајќи го ова,“ изјави една демонстрантка за локалните медиуми.

Бразилските власти, пак, тврдат дека акцијата била легална и резултат на едногодишна истрага за разоткривање на криминални структури поврзани со трговија со дрога и оружје. Според соопштението на полицијата, целта била апсење на лидери на нарко-картели кои делуваат во фавелите околу Рио де Жанеиро.

Ова е само последна во низата контроверзни полициски акции кои предизвикуваат остри реакции од јавноста и организации за човекови права, кои предупредуваат дека ваквите интервенции најчесто завршуваат со цивилни жртви.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img