HomeМакедонијаПолицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

- Advertisement -spot_img

Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк

Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, поточно преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“.

Ова е веќе трета година по ред како компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Организаторите истакнаа дека, покрај масовното делење на плоштадот, дел од јајцата претходно биле наменски дистрибуирани до оние на кои им се најпотребни.

„Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден, објави 4news.mk Дел од донацијата претходно ја поделивме на социјално загрозени семејства“, соопштија од компанијата „Шилер“.

Додека траеше метежот околу јајцата, за најмладите посетители беше организирана и забавна програма со кловн и цртање на велигденски мотиви.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img