2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПолицијата поднесе кривична пријава против директорката на училиштето од Демир Хисар

Полицијата поднесе кривична пријава против директорката на училиштето од Демир Хисар

- Advertisement -spot_img

По неколку дена откако Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде разрешен полицискиот началник во Демир Хисар поради непрофесионално однесување во случајот со претресот во домот на директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, поднесе кривична пријава и против раководителката за „одземање или уништување службен печат или спис“.
Началникот Роберт Мартоновски во саботата вечерта присуствуваше на претресот во домот на директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска и иако имаше само налог за претрес, изјави дека и на носилки болна ќе биде пренесена на информативен разговор во полиција.

– Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.
Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, објави МВР.
Станува збор за настан што предизвика лавина реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео од претресот. Од видеото може да се забележи дека во домот на директорката присутна е и екипа на Брзата помош поради нејзината здравствена состојба додека началникот инсистира таа да дојде на информативен разговор во полицијата.

Случајот предизвика и реакции од опозицијата. СДСМ обвини дека полицијата се злоупотребува за партиски цели, а по полицискиот началник го нарекоа „ударна тупаница на ВМРО-ДПМНЕ за заплашување на граѓаните и малтретирање пред избори“ алудирајќи на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img