Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,848 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,801 ден/кг.
⛽️ Нов ценовник на горивата (од 06.01.2026):
Гориво Нова цена (ден/лит) Промена
ЕУРОСУПЕР БС-95 70,00 ↓ 0,50 ден.
ЕУРОСУПЕР БС-98 72,00 ↓ 0,50 ден.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 64,50 ↓ 0,50 ден.
Екстра лесно масло 64,00 ↔ 0,00 ден.
Мазут М-1 НС 32,801 (ден/кг) ↓ 0,848 ден.







