5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПочна судењето на поранешната прва антикорупционерка Димитровска

Почна судењето на поранешната прва антикорупционерка Димитровска

- Advertisement -spot_img

Денеска започна судењето за поранешната претседателката на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска за оддавање службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизор во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

Според одбраната на поранешната прва антикорупционерка,обвинението дека податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена тајна, туку јавно достапни. За делото компјутерски фалсификат, велат дека тестот не е клучен елемент за таа да добие сертификат државна тајна, туку проценката на АНБ.

– Очекувам за Татјана Димитровска ослободителна пресуда, тоа е се што можам да кажам во овој момент, бидејќи во меѓувреме доставивме докази, кои целосно го дискредитираат обвинението против неа. Тоа се докажи од Антикорупциска, извештај од 30 јули 2025 година, со ко се потврдува тезата на одбраната дека не е остварено законско битие на кривичното дело одавање на службена тајна, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Димитровска.

Наташа Поп Трајкова, обвинителка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече дека при крај е и анализата на податоците екстрахирани од телефонот на Димитровска.

Покрај Димитровска денеска на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Миле Столевски како и обвинетите Борче Најдов и Билјана Петровска Мантева.

Еден од адвокатите ја спореше и надлежноста на одделот за организиран криминал, судиите не прифатија но за ова прашање ќе треба да се произнесе и Апелација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img