HomeМакедонијаПочна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

- Advertisement -spot_img

Започна изградбата на типска училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ во Битола.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека оваа училишна фискултурна сала ќе биде на површина од 650 квадратни метри.

– Објектот е наменет за спортски и за рекреативни активности во малите спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг- понг и други спортови поврзани со училишното образование. Тој ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри – објасни Коњановски.

Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари, средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img