12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПочина Зоран Петковски – поранешен кошаркар и советник од ВМРО

Почина Зоран Петковски – поранешен кошаркар и советник од ВМРО

- Advertisement -spot_img

Поранешниот македонски кошаркар и тренер, Зоран Петковски од Битола, почина денеска по долго боледување на 47-годишна возраст.

Петковски во својата играчка кариера настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер и Радовиш.

Петковски беше советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, а во неделата беше избран за нов мандат.

Пријателите, колегите, спортските работници и голем број граѓани на социјалните мрежи денеска се простуваат од него.

-Со длабока тага и почит ја примивме веста за прераната смрт на Зоран Петковски, советник во Советот на општина Битола, човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола. Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст. Нека му е светол патот. Почивај во мир – напишаа од општина Битола.

-Битола загуби спортска легенда, сочувство до семејството, објавија од КК Пелистер Битола.

Сочувство до семејството испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Со голема тага ја примивме веста за прераното заминување од овоземниот свет на Зоран Петковски, човек кој остави длабока трага во спортскиот живот на Битола. Како борец за спортот и активен поддржувач на многу спортски иницијативи, Зоран ќе остане запаметен по својата енергија, љубов и посветеност кон градот. Во име на ВМРО ДПМНЕ Битола изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Нека ти е светол патот, почивај во мир добар човеку, објавија од ВМРО ДПМНЕ Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img