Македонскиот фудбал е во жалост по смртта на поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди, кој денеска почина во Тетово, откако му се слошило за време на тренингот на Шкендија.
Веста за неговата смрт ја потврди тетовскиот клуб, каде што Мемеди беше дел од техничкиот штаб, а претходно настапуваше и како фудбалер, објави 4news.mk
„Денес, нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство, прво како фудбалер, а потоа и како дел од техничкиот штаб“, соопштија од ФК Шкендија.
Од клубот изразија длабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите оние кои го познаваа и почитуваа Мемеди.
„Тој секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Почивај во мир, Гони!“, порачаа од Шкендија.






