По кратко боледување, денеска во Скопје почина политичкиот аналитичар и поранешен владин портпарол, Агим Јонуз.
По неколкудневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна скопска болница, Јонуз, за жал, ја изгуби најтешката битка во својот живот.
Тој беше активен и препознатлив глас во политичкиот живот во земјава, чест гостин во дебатни емисии и јавни анализи за актуелните општествени случувања.
Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз беше познат по својата искреност и залагање за соживот и напредок на Македонија.
Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел.








