Оперската примадона и доајен на Македонската опера, Милка Ефтимова, почина утрово во Скопје на 89 години.
Во кариера долга повеќе од четири децении, Ефтимова настапи во 40 оперски улоги и над 1.200 пати на сцени во дваесетина земји низ светот. Најпрепознатлива остана по улогата на „Кармен“, со која во 1991 година се прости од сцената.
Беше професор на Факултетот за музичка уметност и добитничка на бројни признанија, меѓу кои „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и Орден за заслуги на Република Северна Македонија.








