7.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионПочина Диме Чучуро – човекот кој ја врати душата на Саат Кулата...

Почина Диме Чучуро – човекот кој ја врати душата на Саат Кулата во Прилеп и 12 години неуморно ги искачуваше скалите и ја одржуваше

- Advertisement -spot_img

-Го напушти овој свет во годината кога се одбележуваат 200 години од неговата изградба. Градскиот Саат, споменикот на култура заштитен со закон, е симбол и заштитен знак на Прилеп. Чучуро, пак, беше синоним за Саатот. Во 12-те години колку што го одржуваше, поправаше и водеше сметка за него, стрмните и тесни 63 камени и 23 дрвени скали од 55 метри високата градба, неуморниот Чучуро ги имаше искачено над 2.000 пати. Диме Чучуро беше еснаф чоек, коцка од мозаикот на прилепската Стара чаршија. Прилеп го сакаше, за „Победа“ живееше – напиша на ФБ новинарот Зоран Милошески.

Во 2013 година по неколку претходни неуспешни обиди, успеа да ги убеди челниците на градот да му дозволат да се качи во кулата, да го види механизмот на часовникот и да се обиде да го поправи. Пред него, на неколкумина инжинери од градот не им успеало да го направат тоа.

Чучуроски во една прилика за “РАЦИН.МК” ќе каже:, „часовникот не е пациент па да му каже на докторот што го боли, па потоа да оди на рентген или на магнетна и на снимките да ја откријат болката“.

Во таа 2013 година, тој наместо да бара делови за часовникот во Виена или Грац, од каде што се претпоставува дека е донесен механизмот за часовникот, тој со неколкумина занаетчии, дреари од Прилеп, ги направил деловите за кои бил сигурен дека треба да се заменат.

И навистина, со монтирањето на новите делови, срцето на часовникот во саат кулата во Прилеп, повторно почнало да чука. Од тогаш наваму, секој ден се огласуваат звучните тонови што го означуваат точното време секој час.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img