Решенија за трајни вработувања, медицинскиот персонал кој со години работи со договор на дело во тетовската клиничка болница, ќе добијат по локалните избори, поради законските ограничувања, посочи денес од Тетово, министерот за здравство Азир Алиу
Министерството вчера објави дека хонорарците имаат валидни договори за вработување на определено време до 31 декември 2025 година и дека е обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничка болница Тетово. Направени се тестирањата на кандидатите на 7 јули 2025, а постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори.
„Во моментов заради законските пречки ќе треба да чекаме локалните избори, да поминат и понатаму да се продолжи уште последниот чекор во оваа постапка. Нема да завршиме тука, бидејќи анализите покажуваат дека во Тетово има потреба од над 300 вработени. Ние ќе отвориме и друга постапка се со цел да може да се намали тој гап помеѓу потребите и услугите што ги нуди болницата, рече Азир Алиу.
Според Алиу за 155 работни места се пријавиле 290 кандидати, па затоа по изборите ќе има и уште еден конкурс за вработување медицински персонал.
„Тие се дел од инфраструктурата, дел од болница во Тетово и тие веќе работат и ќе работат до тогаш тие беа дел од процесите за да можат од нив 155 да бидат вработени. Со другите најверојатно ќе почнеме уште една процедура, бидејќи има потребите за човечки капацитети, како министерство и на болницата и ние ќе мора да работиме интензивно за тој момент да биде да биде синхронизиран со услуги“, рече Азир Алиу.
Министерот за здравство денес одржи работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами со цел да се разгледаат приоритетите здравствената установа за инфраструктурно унапредување и реконструкција на постојните капацитети.
„Веќе помина на седница на влада 205 милиони евра за инвестиции во Тетово во Кичево и во Штип. Денес сме тука на работна средба заедно со градоначалникот на општина Тетово и со директорот на болницата во Тетово и со работната група со експерти, доктори и администратори за да видиме кои се потребите и од функционална гледна точка и од инфраструктурна гледна точка за да ги дефинираме и понатаму, рече Алиу.
Од предвидените 205 милиони евра над 70 милиони евра ќе бидат само Тетово, со потенцирална можност за две нови градби и три постоечки инфраструктурни градби коишто треба да се реновираат.









