Жителка на скопската населба Гази Баба јавно реагира откако куче скитник ѝ го оштетило автомобилот, предизвикувајќи сериозна материјална штета на предниот дел од возилото. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа откорнат дел од браникот и оштетувања околу тркалото.
Според граѓаните, ваквите случаи не се изолирани и често се случуваат кога кучињата бркаат мачки или глодари кои се кријат под хаубите на автомобилите. Сопственичката јавно прашува кој ќе ја надомести штетата, со што повторно се отвора прашањето за одговорноста на општините и ЈП „Лајка“.
Граѓаните стравуваат за безбедноста и имотот, додека постапките за обесштетување остануваат нејасни и комплицирани.








