домаСпортПо 139 настапи и светска титула, Отаменди се повлече од репрезентацијата

По 139 настапи и светска титула, Отаменди се повлече од репрезентацијата

- Advertisement -spot_img

Фото: Tasnim News AgencyCC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) се прости со репрезентацијата на својата земја, за која настапуваше 17 години и одигра 139 натпревари. Веста ja објави на социјалните мрежи. Со Аргентина освои светска титула во 2022 година и две изданија на Копа Америка, во 2021 и 2024 година, а репрезентативната кариера ja заврши со сребро на неодамна завршеното Светско првенство.

„Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде финалето на Светското првенство. Тоа не беше резултатот што го посакувавме, но си заминувам со кренато чело и знам дека оваа екипа даде сè од себе до последната секунда. Ти благодарам, Аргентино, што ми овозможи да го остварам сонот и да станам светски шампион”, напиша тој.

Во репрезентативниот дрес, Отаменди собра три големи трофеи – светската титула од 2022 година и две Копа Америка, во 2021 и 2024 година. Настапи на четири светски првенства, а последното го заврши со финале и сребрен медал.

Пред неколку недели, Отаменди се врати во Ривер Плејт, со што ja затвори својата 16-годишна европска приказна. Играше за Порто, Валенсија, Манчестер Сити и Бенфика, пред да се врати во клубот од татковината.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img