8.8 C
Skopje
6 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПет овци и три јагниња украдени од стадото на Хусеин од село...

Пет овци и три јагниња украдени од стадото на Хусеин од село Лакавица, ајдуците „работат“ на случајот

- Advertisement -spot_img

Пет овци и три јагниња ноќеска се украдени од шталата на Хусеин од село Лакавица, штипско. Непознати сторители со сомнителни автомобили кои се движеле во селото, најверојатно ги украле овците, вели Хусеин. Тој чува над 200 овци и како што вели ова не е првпат да се краде, додавајќи дека мака мачат со ајдуците.

„ Чувам околу 220 овци, ама синоќа ми украдоа осум, пет овци и три јагниња. Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани имаше околу 100 овци украдени во штипско, еве синоќа и кај мене.“ – вели Ибраим.

Крадењето на стока ја прелива чашата, вели Хусеин бидејќи ситуацијата на сточарите и без тоа е многу тешка. Од една страна немаат земено субвенции, климатските промени влијаат негативно врз одгледувањето на стока, а од друга страна ајдуците постојано „работат“ на случајот и ги крадат овците и јагнињата.

„Да ти кажам не се исплаќа, ние сме од сите страни најзагрозени. Од една страна е климата, времето гледате, многу суша нема млеко од овците, субвенции уште не сме земале и од друга страна крадат.“ – вели Ибраим.

Сточарите од Лакавица бараат помош од надлежните институции, со цел да се најдат сторителите на вакви дела и да не се повторат кражбите на стока.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img