4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПазарот во мирување – нема движења на денешната берза на обврзници

Пазарот во мирување – нема движења на денешната берза на обврзници

- Advertisement -spot_img

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Петочната сесија на Македонската берза помина со вкупен промет од 12,94 милиони денари, што претставува намалување на ликвидноста во однос на претходните денови. Индексот МБИ10 бележи скромен раст од 0,15%, и денот го затвори на ниво од 10.435,77 поени. Тргувањето беше концентрирано околу акциите на Комерцијална банка, која повторно беше најтргувана хартија, додека Алкалоид и Стопанска банка исто така забележаа добивки. Пазарот на обврзници и понатаму останува неактивен, без ниту една реализирана трансакција.

Најтргувани хартии од вредност

Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 6.418.320 денари

Гранит АД Скопје (GRNT) – 760.330 денари

Стопанска банка АД Скопје (STB) – 1.090.560 денари

Топ 3 добитници

Стопанска банка АД Скопје (STB) +1,39%

Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,43%

Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,04%

Топ 3 губитници

Реплек АД Скопје (RPK) –0,14

Гранит АД Скопје (GRNT) –0,11%

Макпетрол АД Скопје (MPT) –0,07%

Обврзнички пазар

На обврзничкиот пазар не беше реализирана ниту една трансакција, иако се котирани повеќе државни хартии од вредност. Цените на котациите останаа стабилни и непроменети, а индексот ОМБ остана на нивото од 128,27 поени.

На 05 септември 2025 година, берзанската сесија се одвиваше во релативно мирен тон, со пониско ниво на тргување и слаби ценовни осцилации. Комерцијална банка остана главен носител на ликвидноста, додека умерени добивки забележаа и Алкалоид и Стопанска банка. Прометот со останатите хартии беше ограничен, а пазарот на обврзници остана неактивен, што го продолжува трендот на слаба привлечност на тој сегмент. Индексот МБИ10 сепак бележи позитивен сигнал, поттикнат од мал број добитници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img