Европската демократска партија на Аријанит Хоџа отсега ќе дејствува во рамки на ДУИ на Али Ахмети.
Одлуката партиите да дејствуваат како единствен политички субјект во рамки на ДУИ била донесена на денешната средба меѓу Ахмети и Хоџа, а ќе биде официјализирана по формалното одобрување од Генералниот совет на Демократската унија за интеграција.
„Партиите се согласија во иднина да функционираат како единствен политички субјект во рамки на ДУИ како најконсолидирана и најорганизирана албанска партија во земјата преку обединување на организациските, програмските и човечките капацитети, во служба на општиот интерес на Албанците во Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.








