домаМакедонијаПаника на автопатот Велес–Скопје: Автобус во пламен кај Отовица, патниците избегале во...

Паника на автопатот Велес–Скопје: Автобус во пламен кај Отовица, патниците избегале во последен момент

- Advertisement -spot_img

Вистинска драма се одвивала попладнево на автопатот Велес–Скопје, откако автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица.

Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот се движел по автопатот, по што настанала паника меѓу патниците. За среќа, сите лица навреме успеале да го напуштат возилото и нема повредени.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека веднаш по пријавата на местото биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

„Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица“, информираат од МВР.
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види густ чад и пламен како излегуваат од автобусот, додека возачите кои минуваат по автопатот запираат и ја следат интервенцијата на пожарникарите.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото треба да утврди како дошло до инцидентот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img