домаРегион„ОВА Е НЕДОЗВОЛИВО“: Осум работници живееле во контејнер од 14 квадрати, министерот...

„ОВА Е НЕДОЗВОЛИВО“: Осум работници живееле во контејнер од 14 квадрати, министерот најави жестоки инспекции!

- Advertisement -spot_img

Хрватските власти започнаа засилени инспекциски контроли откако беше откриено дека група странски работници била сместена во крајно несоодветни услови. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ порача дека ваквиот начин на сместување е целосно неприфатлив.

При заедничка контрола што ја спровеле полицијата и Државниот инспекторат во компанија од Чазма, биле проверени 62 работници од Индија и Непал. Во текот на надзорот било утврдено дека осуммина од нив живееле во градежен контејнер со површина од само 14 квадратни метри.

Според официјалните информации, контејнерот не бил наменет за живеење, немал клима-уред, а условите не ги исполнувале законските стандарди. Дополнително, инспекторите констатирале недоволен број санитарни простории за сместените работници.

„Осум луѓе во контејнер од 14 квадратни метри, кој не е предвиден за домување, со несоодветни санитарни услови – тоа е недозволиво“, изјави министерот Божиновиќ, најавувајќи дека контролите ќе продолжат и во други делови на земјата.

Според хрватските прописи, работодавачите кои вработуваат странски работници се должни да обезбедат соодветно сместување со вода, електрична енергија, греење, вентилација, мебел и доволен број санитарни јазли. Исто така, минималниот простор што треба да му биде обезбеден на секој работник изнесува 14 квадратни метри.

Од компанијата што била предмет на инспекцијата соопштиле дека ќе го почекаат официјалниот записник и очекуваат преку законски предвидената постапка да ја достават целокупната документација со која, според нив, ќе докажат дека не ги прекршиле правата на вработените.

Надлежните институции најавија дека сите утврдени неправилности ќе бидат санкционирани. За компаниите што нема да обезбедат законски пропишани услови за сместување се предвидени парични казни од 1.500 до 3.000 евра, додека одговорните лица можат да бидат казнети со дополнителни парични санкции.

Според официјалните податоци, во Хрватска моментално има околу 130.000 важечки дозволи за работа и престој на странски државјани, поради што властите најавуваат уште поинтензивни контроли за да се спречат слични случаи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img