iPhone 18 Pro моделите следната година би можеле да се појават во нови, длабоки и топли бои, наведува добро познат дојавувач.
Корисникот на Weibo, познат како „Instant Digital“ сугерираше дека следната година моделите iPhone 18 Pro ќе бидат достапни барем во една од следните бојни опции: кафена, виолетова и бордо.
iPhone XR, iPhone 11, iPhone 12, iPhone 14 и iPhone 14 Pro беа достапни во лаванда или виолетова боја, но досега никогаш немало кафеав или бордо iPhone. Кафениоѕ iPhone 18 Pro би можел да биде добар наследник на златниот iPhone XS или „desert titanium“ iPhone 16 Pro.
Кафената боја спаѓа во групата на кафени нијанси и претставува длабока, земјена тоналност. Бордо нијансата припаѓа на црвената палета, комбинирајќи богата црвена со траги од кафеава или виолетова за потемен, вински тон. Виолетовата се наоѓа помеѓу црвената и сината, но кога е затемнета, добива потопла нијанса.

Ликерот додаде дека и следната година нема да има црн iPhone 18 Pro. iPhone 17 Pro е достапен во Silver, Deep Blue и Cosmic Orange. Ова беше првпат во историјата на уредот да нема црна или сива варијанта.
Моделите iPhone 18 Pro се очекува да бидат претставени во есента следната година, со A20 чип произведен со 2nm процесот на TSMC, главна камера со променлива бленда, C2 модем, поедноставени контроли за камерата и уште многу повеќе.






