Поради редизајнот на системот на камерата, OnePlus 15 на некои корисниците ќе им наликува на поновите модели на iPhone, а на некои на Xiaomi Mi 11 од 2020 година.
Како што беше најавено уште на почетокот на летото, претстојниот флегшип на OnePlus, OnePlus 15, донесува редизајн каков што досега немаме видено во серијата. Првите слики објавени на Weibou откриваат дека компанијата се откажала од препознатливиот кружен остров со камери и го заменила со квадратен модул со заоблени агли, обоен во црно, во кој се сместени три камери.
Сега е познато и дека OnePlus 15 ќе биде достапен во три различни бои. Главната маркетинг варијанта на новиот флегшип ќе биде Dune, посветла, песочно-златна или беж нијанса, инспирирана од пустинските дини. Втората ќе биде Absolute Black, наводно „најцрната“ црна на мобилен телефон, додека третата ќе биде Mist Purple, односно виолетова.

Иако спецификациите сè уште не се официјално потврдени, подолго време се зборува дека OnePlus 15 ќе има 6,78-инчен LTPO OLED екран со резолуција од 1,5K и стапка на освежување од дури 165 Hz. Ќе го напојува, секако, Qualcomm Snapdragon 8 Elite 5, а со него доаѓа и новиот OnePlus систем за обработка на слики, бидејќи соработката со Hasselblad е прекината.
Мобилниот телефон треба да има и голема батерија од 7.000 mAh со поддршка за 120-ватно жично и 50-ватно безжично полнење.









