Осум од 10 Грци, односно 83 проценти, веруваат дека во Грција постојат феномени на корупција во голема или прилично голема мера, а повеќе од една третина од анкетираните лица изјавиле дека се соочиле со корупција во последните 12 месеци, според анкетата објавена денес од компанијата „Палмос Аналисис“ за перцепцијата на граѓаните за корупцијата.
Резултатите од анкетата спроведена во име на Националниот орган за транспарентност (НТА) покажаа дека мнозинството млади луѓе до 24 години ја осудуваат корупцијата и не ја толерираат, сè додека им „потребна“, објавува денес „Катимерини“.
Исто така, се покажа дека само три проценти од Грците веруваат дека или воопшто нема корупција, или дека таа постои во прилично мала мера, додека 64 проценти од испитаниците со магистерски или докторски степен изјавиле дека феномените на корупција постојат во Грција во многу голема мера.









