2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаОризопроизводителите од истокот се подготвуваат за протест

Оризопроизводителите од истокот се подготвуваат за протест

- Advertisement -spot_img

Минатата година беше најтешка за оризопроизводството, a во 2026та влеговме со старите големи проблеми, констатираат производителите на “белото злато” од кочанскиот регион.

Откуп нема, ниската производна и откупна цена, како и неконтролираниот увоз на ориз од земјите од Блискиот исток се дополнителни проблеми за незадоволството кај земјоделците да е сè поголемо и најавуваат радикални протести.

Од реколтата 25та има само 5% откупена оризова арпа, а моменталната откупна цена за оризопроизводителите е крајно неприфатлива, што значи речиси цела реколта стои по амбарите. Тврдат и дека откупната, како и производната цена се темелат на погрешни основи.

Од друга страна пак, откупувачите велат дека се раководат според побарувачката на пазарот и не можат самостојно да одлучуваат по која цена ќе откупуваат. Ваквата ситуација оризпроизводителите ги става во незавидна положба и заклучуваат дека доколку надлежните не најдат решение, тогаш ќе бидат оставени сами на себе и како што велат, ќе бидат приморани работите да ги преземат во “свои раце”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img