Заедно со идниот градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, и пратеничката Катерина Димитровска, Орце денот го помина меѓу жителите на оваа скопска општина.

Во паркот „Јане Сандански“ и во населбата Лисиче се одржаа средби со голем број граѓани кои отворено ги споделија своите идеи, предлози и проблеми со кои се соочуваат.

„Токму овие разговори со народот се нашата најголема сила и мотивација. Не ветуваме чуда, но ветуваме чесност, посветеност и упорност за подобар и подостоинствен живот,“ порача Орце.

Тој додаде дека за нив дадениот збор значи обврска и нешто од кое никогаш нема да се откажат.Програмата што ќе биде понудена на граѓаните ќе биде создадена заедно со нив, со цел Аеродром и цело Скопје да станат уште поубави и достоинствени места за живеење.

„Од срце благодарам за довербата, за масовната поддршка и за стиснатите раце полни надеж,“ истакна Орце, најавувајќи дека најдоброто допрва доаѓа.







