6.8 C
Skopje
7 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОрце Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите-изречени се казни од 53.000 евра

Орце Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите-изречени се казни од 53.000 евра

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на Совет на Град Скопје истакна дека се изречени казни до 53.000 евра за загадувачи кои го загадувале амбиенталниот воздух во главниот град.

„Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители.

Драго ми е што по долго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих.

Се согласувам со сите излагања на советниците.

Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност.

Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.

Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите.

Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени.

Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај.

Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра.

Одговорни лица во правни субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагаа отпад на јавни и приватни површини добија казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.

Инспекцијата за патен сообраќај и патишта изврши контроли на девет градилишта, од кои седум беа задолжени со решенија за времен режим на сообраќај, а две имаа позитивни записници.

На едното градилиште е изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правно лице и 900 евра за одговорното лице.

Комуналната инспекција изврши 240 контроли на градилишта низ целото Скопје, опоменувајќи 25 објекти, а на 11 се изречени глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари вршат постојана обиколка и контрола на територијата на градот, плоштадите и јавните површини, со што се изречени повеќе од 60 казни.

За буџетот за 2026 година, предвидени се 64 милиони денари за делот за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, што јасно покажува колку сериозно ја сфаќаме заштитата на здравјето на граѓаните. Дополнително, се обезбедени 220 милиони денари за подигање и одржување на јавно зеленило и паркови, како дел од нашите искрени заложби за чист воздух и здрав живот.

Предвидени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење на оџаци, филтри за истите, субвенции за велосипеди итн.

Драго ми е што седницата се одвиваше конструктивно и без политиканство.

Благодарам на сите кои учествуваа со искрена намера.

Знам дека само со обединета работа, редовни инспекции, конкретни мерки и силна волја можеме да го заштитиме здравјето на нашите сограѓани, здравјето на нашите деца и идните генерации.

Скопје заслужува чист воздух, ред во јавниот простор, зелени паркови и одговорност од сите нас.

И ние тоа го правиме.

Сега е време резултатите да бидат видливи, мерливи и трајни“, истакна Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img