домаЕкономијаОпштините на наплатиле даноци вредни 50 милиони евра

Општините на наплатиле даноци вредни 50 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Речиси 50 милиони евра пари кои требало да ги наплатат општините во периодот од 2020 до 2024 година останале ненеплатени. Станува збор за локални даноци, такси и останати надоместоци кои ги откриле државните ревизори при прочешлувањето на документацијата за анализираниот период.

Извештајот на Државниот завод за ревизија открива дека најмногу ненеплатен данок бил оној што граѓаните имаат да го платат по основ на данок на имот, дури 67 проценти од фактурите биле постари од пет години, што според ревизорите, укажува на слаб фискален напор. Останатите податоци покажуваат дека дури 3,8 милиони евра даноци кои требало да завршат во локалните каси, биле отпишани. 

Државен завод за ревизија

„Отсуството на јасно утврдени критериуми за одобрување и плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на рати, различната пракса во обезбедувањето на побарувањата (банкарска гаранција и изјава на нотар) и нецелосното следење на наплатата, во 14 општини акумулирале ненаплатени побарувања во висина од 826.399 илјади денари, за периодот 2020-2024 години.“

Даночниот експерт Славко Лазовски за Тв 24 вели дека за него извештајот не е никакво изненадување-состојбите се кататсрофални со години, вели Лазовски. 

Славко Лазовски-даночен експерт

„Главен виновник за оваа состојба е даночната политика што никако и никогаш не презела мерки за подобрување на регулативата. Регулативата за локалните даноци и такси е на катастрофално ниско ниво. Таа денеска е на пониско ниво, отколку пред 50/60 години. Таков пад на нивото на регулативата доведе до вакви катастрофални состојби. Локалните даночни такси беа периферна задача на гоелмата даночна реформа во 1994 год. Оправдување на тоа беше фактот што регулативата за л.д.т. Не е предмет на регулација на даночно право на ЕУ.“        

Според остварените приходи по основ на даноци, такси и надоместоци утврдено е дека  руралните општини, со исклучок на Петровец, Илинден и Чучер Сандево се послаби  собирачи на даноци во урбаните општини. На врвот на листата како најдобри собирачи на даноци се Град Скопје, Карпош, Чаир, Аеродром и Кавадарци, а со најслаб фискален капацитет се општините Зрновци, Новаци, Лозово, Кратово и Желино. 

Ревизорите укажуваат на несоодветно воспоставен надзор на централно и локално ниво, со само еден инспектор од страна на УЈП и само 16 даночни инспектори во сите општини, кои вршат проверка дали обврзниците ја пријавиле својата обврска за данок или комунална такса, а немаат надлежност да изрекуваат глоби.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img