HomeМакедонијаОпштина Битола објави повик за проекти за родова еднаквост – обезбедени 300.000...

Општина Битола објави повик за проекти за родова еднаквост – обезбедени 300.000 денари за здруженија

- Advertisement -spot_img

Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности.


Со повикот се предвидува финансиска поддршка за иницијативи што ќе придонесат за унапредување на родовата еднаквост во различни општествени сфери. Проектите ќе бидат финансирани од Буџетот на Општина Битола за 2026 година, согласно Програмата за еднакви можности, а за оваа намена се обезбедени вкупно 300.000 денари.


Поддршка ќе добијат проекти кои се однесуваат на следните области:
родова еднаквост преку образование
родова еднаквост преку медиуми
родова еднаквост преку здравство
родова еднаквост преку социјална заштита
активности против родово базирано насилство и трговија со луѓе
економско јакнење на жените.
Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации кои активно работат во областа на еднаквите можности.
Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на повикот, односно од 5 март до 19 март 2026 година.


Сите заинтересирани организации можат да ги пронајдат деталните критериуми за аплицирање, начинот на бодување, временската рамка за спроведување на проектите, како и потребната документација на официјалната веб-страница на Општина Битола:


Од Општината посочуваат дека целта на повикот е поттикнување на граѓанските организации да реализираат активности кои ќе придонесат за поголема родова рамноправност и подобрување на положбата на жените во локалната заедница.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img