Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска го пречека шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој беше дел од напредната едукација на судиите од Првата Македонска фудбалска лига.
„Со јасна порака за квалитет и напредок, имав чест да го пречекам Роберто Росети, шефот на судии на УЕФА, кој беше дел од напредната едукација на судиите од Прва МФЛ и доделувањето на ФИФА амблеми за нашите интернационални судии“, сподели Омерагиќ.
Неговата порака била јасна и мотивирачка: “Сè зависи од вас. Сакаме да ве гледаме во Лигата на шампионите и на Европските првенства“, посочи Омерагиќ.
Тој истакна дека како претседател, сакал повторно да порачам дека максимално инвестираат во судењето.
„Создаваме услови, носиме врвни едукатори и градиме систем. Од вас очекуваме посветеност, учење, чесност и уште подобри изданија на теренот. Верувам во македонските судии. Верувам дека со работа и интегритет можеме да бидеме дел од најголемата европска сцена“, нагласи првиот човек на ФФМ во објавата на Фејсбук.








